Достапни линкови

Шест години од мартовските судири на Косово


Денеска се навршуваат шест години од избувнувањето на најголемите судири на Косово по доаѓањето на меѓународните сили, а во кои загинаа 19 цивили. Дводневните судири почнаа откако полицијата на УНМИК пронајде тела на две албански деца во реката Ибар на северот на Косово. Масовните демонстрации на косовските Албанци, кои за смрта на децата ги обвинија Србите, избувнаа во јужниот дел на Митровица, а потоа се проширија на другите делови на Косово. Притоа биле убиени 11 Албанци и 9 Срби, а над 900 други биле повредени.
XS
SM
MD
LG