Достапни линкови

Убиени двајца војници на НАТО во Авганистан


Во експлозија на бомба на југот на Авганистан денеска загинале двајца војници на НАТО, соопштија претставници на меѓународната мисија ИСАФ. Војниците чиј идентитет не е соопштен, загинале во експлозија на рачно изработена бомба. Претходно, агенциите јавија дека двајца бомбаши самоубијци биле убиени при нивниот обид да влезат во еден меѓународен хуманитарен камп во авганистанската провинција Хелманд. Во инцидентот бил повреден и еден странски работник во кампот.
XS
SM
MD
LG