Достапни линкови

Сејдиу пред Советот на НАТО


Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу денеска во Брисел ќе му се обрати на Советот на НАТО и ќе говори за напредокот на Косово и за актуелната политичка и безбедносна ситуација. Целта на Косово е силно да тргне кон внатрешни економски, демократски и други реформи, изјави Сејдиу пред патувањето за Брисел. Тој истакна дека на генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен уште еднаш ќе му го пренесе барањето на Косово, макар и симболично, да биде присутно во мировните операциии на Алијансата.
XS
SM
MD
LG