Достапни линкови

Прогноза за времето- променливо, попладне разведрување


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно. Локално во северните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег. Попладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе придонесе за малку пониски дневни температури. Утринската температура се движи од минус три до два, а дневната ќе биде од четири до 12 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно и ветровито, а попладне сончево со умерена облачност. Ветерот ќе биде од северен правец и умерен до засилен по интензитет. Утринската температура се спушти до нула, а дневната ќе достигне до девет степени.
XS
SM
MD
LG