Достапни линкови

Американските војници во Авганистан ќе се приклучат кон ИСАФ мисијата


Поголемиот дел од американските војници во Авганистан ќе бидат ставени под команда на НАТО. Со тоа ќе заврши поделеноста меѓу мисиите Операција трајна слобода(ОЕФ) и Меѓународните сили за помош во безбедноста(ИСАФ).Адмирал Грегори Смит од ИСАФ соопшти дека овој чекор е дел од новата стратегија на командантот на меѓународните сили, американскиот генерал Стенли Мекристал. Тој е командант и на мисијата ОЕФ. Се очекува, 21 од 30-те илјади американски војници од мисијата ОЕФ да се префрлат во ИСАФ, каде што учествуваат околу 90 илјади војници од 44 земји.

XS
SM
MD
LG