Достапни линкови

Клинтон: Израел треба да докаже дека е посветен на преговорите


Американскиот државен секретар, Хилари Клинтон денеска изјави дека Израел мора да докаже со дела дека е посветен на мировните преговори. Американскиот претставник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел денеска ја одложи својата посета на изреалско – палестинскиот регион поради ново настаната дипломатска криза. Палестинците денеска фрлале со камења по израелската полиција, палеле автомобили и контејнери , додека полицијата возвратила на тоа со солзавец и гумени куршуми. Најмалку 40 Палестинци беа повредени при сударот со полицијата. Тензиите во палестинско- израелскиот регион се зголемени поради неодстапување од одлуката на Израел да продолжи со градбата на нова еврејска населба и обнова на синагогата во Источен Ерусалим.
XS
SM
MD
LG