Достапни линкови

Карзаи идната недела оди во Кина


Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ќе се сретне со кинескиот државен врв во текот на идната недела. Во соопштението е наведено дека челниците на двете земји ќе разговараат за соработката и билатералните односи. Ова ќе биде прво доаѓање на Карзаи во Кина по 2008-та година кога присуствувал на церемонијата на отворањето на Олимписките игри.
XS
SM
MD
LG