Достапни линкови

Протестите во Тајланд радикализирани


Антивладините демонстранти во Тајланд денеска донираа крв како дел од нивниот план за радикализирање на протестите. Стотици демонстранти облечени во црвени блузи чекаат ред за да донираат крв со која подоцна според планираното ќе ја прскаат владата.Според најавите на демонстрантите денеска тие треба да соберат над 1000 литри крв и со тоа ќе симболизираат жртвата што сакаат да ја дадат за да добијат нова влада. Околу 100 илјади демонстранти 4 денови по ред протестираат во Банког
против актуелниот премиер Абхисит Веџаџива и бараат да го распушти парламентот до понеделник.
XS
SM
MD
LG