Достапни линкови

Жителите од трите кумановски села Љубодраг, Ново Село и Умин Дол главно се занимаваат со земјоделие и сточарство. Колку и да е тежок животот на село, жителите од овие три села речиси воопшто не мигрираат во градот.

Кумановските села Љубодраг, Ново Село и Умин Дол недалеку од Куманово, се од двете страни на стариот асфалтен пат кон Скопје. На минување низ трите села распространети од пет до десет килиметри, речиси споени едно со друго, само добро упатените знаат каде завршува едното, а започнува другото. Жителите главно егзистираат од земјоделство и сточарство. Природните услови им погодуваат и за раноградинарско, градинарско производство, а оддамна биле познати по одгледување добиток, најчесто млечни крави. Малкумина од
Пензионерите се повеќето болни луѓе. Се мачат. Малку се занимаваат со земјоделие, а пензиите им се од околу 4 до пет илјади денари. Затоа некои одгледуваат крави
нив во селата се занимаваат со нешто друго, дел се пензионери, а дел од нив се исклучиво земјоделци или сточари. И во овие села низ кои секојдневно транзитираат моторни возила во двете насоки Куманово - Скопје, велат дека транзицијата се одразила и на нивниот животен стандард. Пензионерот Ранко Апостоловски од Љубодраг според раскажувањето највеќе го интересира стандардот на пензионерите. За оваа категорија луѓе вели дека со годините ги навјасале и болестите, а пензиите не им се доволни ниту за лекарствата.

„Пензионерите се повеќето болни луѓе. Се мачат. Малку се занимаваат со земјоделие, а пензиите им се од околу 4 до пет илјади денари. Затоа некои одгледуваат крави.“

Апостоловски вели дека како и секаде така и во неговото и во двете соседни села повеќето од луѓето се сиромашни, средно имотни, а има и по некој богат.
Градинарството отсекогаш било развиено. Сега најавуваат дека ќе има наводнување и луѓето ќе сакаат да засадуваат градинарски култури


„Во Љубодраг се одгледуваат крави. За градинарството кога има вода од системот има подобри услови. Градинарството отсекогаш било развиено. Сега најавуваат дека ќе има наводнување и луѓето ќе сакаат да засадуваат градинарски култури.“

Наводнувањето на плодните земјоделски површини е од липковскиот систем, додава Апостоловски. Во Умин Дол одамна има основно училиште во кое основците од трите соседни и многу блиски села одат на настава. Сообраќајни врски со градот се на добро ниво. Жителите од овие три кумановски села малку или воопшто не мигрираат во градот. Така, и по воениот конфликт ниту еден од нив не замина од родното место.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG