Достапни линкови

Рикер - Никој не може да ви го промени идентитетот


Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер

Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер

Македонија има долга историја и има свој идентитет, култура и јазик кои секогаш ќе бидат ваши и тие никогаш нема да се променат, порача американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер на неговото предавање за надворешната политика на Соединетите Држави пред студентите на универзитетот Фон.

Македонија има долга историја и има свој идентитет, култура и јазик кои секогаш ќе бидат ваши и тие никогаш нема да се променат. Треба да работите на остварување на приоритетите, како што се безбедноста, напредокот и вредностите. Ова го порача американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер на неговото предавање за надворешната политика на Соединетите Држави пред студентите на универзитетот ФОН.
Европа значи дека ќе станете дел од нешто големо и таму ќе ги понесете вашата култура и идентитет, кои секогаш се ваши и тоа никогаш не се менува. Не ги правете работите потешки од што се, немојте да замислувате работи коишто во реалноста не постојат


„Европа значи дека ќе станете дел од нешто големо и таму ќе ги понесете вашата култура и идентитет, кои секогаш се ваши и тоа никогаш не се менува. Не ги правете работите потешки од што се, немојте да замислувате работи коишто во реалноста не постојат. Вие сте тие што сте и секогаш ќе бидете, работете на наоѓање решение и да си ги остварите вашите цели, тоа е нешто на кое што навистина треба да се фокусирате.“

Во однос на прашањето за политиката на Грција кон Македонија, Рикер одговори дека тоа не е негова работа да коментира и дека за тоа студентите треба да ја повикаат и прашаат грчката амбасадорка во земјава. Тој посочи дека владите на Македонија и Грција се тие кои треба да работат на изнаоѓање на заедничко решение за спорот со името. Рикер уште еднаш ја изрази поддршката на Соединетите Држави за интеграција на Македонија во НАТО.

„Нашите погледи и политики кон Македонија се постојани, ние би сакале да видиме дека Македонија ќе ги исполни своите цели бидејќи веруваме дека членството во НАТО и придобивките од тоа членство би биле поволни за Македонија, за нејзината безбедност и напредок. Секако со тоа ќе се рефлектираат сите вредности што ние сакаме да ги споделиме во Трансатлантското семејство, тоа и понатаму е наша цел и сега им оставаме на вашето лидерство и на тоа во Грција да најдат решение за проблемот.“

Студентите на универзитетот беа заинтересирани и за мислењето на Рикер за разликите во надворешната политика на администрацијата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш и сегашниот Барак Обама, како и за извештајот на Стејт Департментот за човековите права и глобалното затоплување.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG