Достапни линкови

Земјите од Западниот Балкан поактивно да се вклучат во евроинтегрирањето


Министерот за надворешни работи на Австрија, Михаил Шпинделегер и неговиот словенечки колега Самуел Жбогар денеска во Виена апелираа до земјите од Западен Балкан поактивно да се ангажираат во евроинтеграциите и јакнењето на политичкиот и општествениот живот за да добијат европска перспектива.Тие оценија дека 2010 година би требало да биде година посветена на Западниот Балкан. Двајцата министри изразија очекување дека до 2011 година сите земји од Западниот Балкан ќе достигнат ново, понапредно ниво во приближувањето на односите со Европската Унија.




XS
SM
MD
LG