Достапни линкови

Рикер: културата и идентитетот се ваши и тоа не се менува


Европа значи дека ќе станете дел од нешто големо и таму ќе ги понесете вашата култура и идентитет, кои секогаш се ваши и тоа никогаш не се менува, изјави денеска во Скопје американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, на предавањето за надворешната политика на САД, говорејќи за спорот со Грција околу името на нашата земја. Во исто време станува збор за остварување на приоритетите, значи безбедност, напредок и вредности, истакна тој. Сметам дека на тоа треба да се фокусирате и тоа да ви биде приоритет. Не ги правете работите потешки отколку што се, немојте да замислувате работи кои во реалноста не постојат. Вие сте тие што сте и секогаш ќе бидете. Работете на наоѓање на решение и да си ги остварите вашите цели. Тоа е нешто на што навистина треба да се фокусирате, порача амбасадорот на САД Филип Рикер.
XS
SM
MD
LG