Достапни линкови

Повредени Палестинци при сударот со полиција во Источен Ерусалим


Најмалку 40 Палестинци се повредени при денешните судири со полицијата во Источниот Ерусалим пренесуваат новинските агенции. Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат изјави дека таму сега е „ескплозивна ситуација“, како што вели,израелската полиција само додава масло на оганот. Илјадници Палестинци марширале во областа Газа во знак на протест против како што велат израелската окупација на источниот дел на Ерусалим. Тензиите во палестинско- израелскиот регион се зголемени поради одлуката на Израел да продолжи со градбата на нова еврејска населба и обнова на синагогата во Источен Ерусалим. Американскиот пратеник за Блискиот исток, Џорџ Мичел ја одложи својата посета на регионот поради дипломатската криза.
XS
SM
MD
LG