Достапни линкови

Влијае ли политиката во работењето на невладиниот сектор? Деновиве, партиите меѓусебно се обвинуваат дека стојат зад организирањето на одредено незадоволство, како на пример на стечајците или околу дебатите за проектот „Скопје 2014“.

Се почесто може да се слушне дека активностите на невладините организации со кои се влијае врз јавното мислење се идентификуваат со некоја од политичките опции. Деновиви имавме примери во кои партиите меѓусебно се обвинуваат дека стојат зад организирањето на одредено незадоволство, како на пример на стечајците или околу дебатите за проектот 2014-та. Претставниците од невладиниот сектор оценуваат дека кај нас проблемот е што организациите кои имаат статус кој е близок на некоја парија не се обелоденува јавно туку дека тие делуваат затскриено.
Она што е важно е да организациите бидат транспарентни на две нивоа, првото е на ниво на управување, значи кој ја управува организацијата, а второто е на ниво на финансирање, кој ја финансира организацијата


„Ние сме расчистиле и многу е чист односот, затоа што знаеме која им е идеологијата, што работат и како работат, додека пак проблематично е оние организации кои што се ставаат во функција на политичките партии под заткрила на Цивилниот сектор“, изјави Даниела Димитриовска од Сојузот на Организациии на жените во Македонија.

Мобилизирањето на граѓаните за разни општествени прашања се многу важен дел на демократијата, но во последно време истотото како да се злоупотребува. Во идентификување на причините зошто е тоа така како еден од најголемите проблеми за невладините организации во транзициските земји се посочуваат парите. Сашо Клековски од МЦМС вели:

„Она што е важно е да организациите бидат транспарентни на две нивоа, првото е на ниво на управување, значи кој ја управува организацијата, а второто е на ниво на финансирање, кој ја финансира организацијата. Доколку се обезбедени овие два услови сметам дека граѓанските организации треба и имаат право да ги коментираат ставовите, без разлика дали се слични или не со оние на политичките партии.“
Проблематично е оние организации кои што се ставаат во функција на политичките партии под заткрила на Цивилниот сектор


Душко Христов од невладината организација „Полио Плус“ согледува дека недостасува и знаење и традиција на водење независни организации:

„И гледајќи го етерот, значи ако е нешто против Владата, тогаш медиумите и јавноста е запознаена со тоа, меѓутоа ако некоја организација организира некаков настан во корист на самите граѓани, за подобрување на животните услови на граѓаните, тогаш многу малку се гледаме во етерот.“

Во име на сомневањата за блискост со одредна политичка идеологија во последниве неколку години многу исто така се шпекулираше дека парите што ги добиваат за своето функционирање од буџетот, дел од организациите ги добиле незаслужено. Поради ова минатата година се потпиша кодекс на однесување во делот на финсирање и се смета дека оваа година ќе биде по јавна распределбата на буџетските пари. Во земјава се регистрирани околу седим илјади невладини организации.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG