Достапни линкови

Неизвесно е присуството на Тадиќ на престојниот регионален самит


Словенската амбасада во Белград соопшти дека за престојниот самит за евроинтеграциите на Западен Балкан до сега сите земји го најавиле своето присуство освен Србија. Поканети се претставници од сите земји во регионот вклучувајќи ги и косовкиот претседател Фатмир Сајдиу и неговиот српски колега, Борис Тадиќ. Самитот е закажан за 20 март и го организираат Словенија и Хрватска. Целта на самитот е забрзување на интеграциите на балканските земји во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG