Достапни линкови

Фитцџералд задоволен од готовноста на АРМ


Специјална единица на АРМ
Специјална единица на АРМ

Командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, адмиралот Марк Фитцџералд во Скопје на средби со министерот за одбрана Коњаноски, началникот на ГШ на АРМ Стојановски, а утре и со премиерот Груевски. Теми: учеството на АРМ во мисијата ИСАФ во Авганистан, соработката со НАТО и реформите во одбраната.

Адмиралот Марк Фицџералд, кој е во дводневна посета на Македонија.денеска изрази задоволство од готовноста и професионалноста на македонските војници. Делегацијата на НАто денеска се сретна со министерот за одбрана Зоран Коњаноски и со началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски. Предвидено е, утре Фитцџералд да се сретне и со премиерот Никола Груевски. Теми на разговорите на делегацијата од Непаол со македонските власти, е придонесот на АРМ во мисијата ИСАФ во Авганистан, реформите во одбраната, соработката меѓу земјите од Партнерството за мир и НАТО, како и напредокот на АРМ во примената на Концептот за оперативни способности на НАТО. Заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев вели дека Министерството и Армијата одржуваат редовни контакти со високи претставници на НАТО.
Во иднина сметаме дека треба да се продолжи со овие контакти бидејќи Република Македонија по она што го придонесува во меѓународните мировни операции, слободно може да се каже дека се однесува како рамноправна членка на НАТО.


Воена вежба на Криволак
„Во иднина сметаме дека треба да се продолжи со овие контакти бидејќи Република Македонија по она што го придонесува во меѓународните мировни операции, слободно може да се каже дека се однесува како рамноправна членка на НАТО.“

Тој вели дека реформите во одбраната се континуирани.

„Се чека на решавање на единственото прашање што беше проблем за наше влегување во НАТО, а тоа е спорот со името којшто го имаме со нашиот јужен сосед.“

Предвидено е, делегацијата од Неапол утре да го посети армискиот полигон Криволак, каде што се обучуваат војниците на АРМ, пред да заминат во Авганистан, каде што работат заедно со американските војници. Димитриев информира дека на Криволак во моментов заеднички се обучуваат 79 македонски и 43 американски војници кои на крајот на овој или на почетокот на наредниот месец треба да заминат во Авганистан.

„Тоа е еден вид запознавање, бидејќи активностите што ќе ги прават во Авганистан ќе бидат од мешан состав, ризикот е малку поголем од она што сега го имаме во Кабул, и затоа имавме големи подготовки за да ги упатиме.“
Се чека на решавање на единственото прашање што беше проблем за наше влегување во НАТО, а тоа е спорот со името


Се очекува адмиралот Фитцџералд да биде запознаен и со новите капацитети за обука на Криволак. Димитриев вели дека македонската влада има намера, Криволак да стане регионален центар за обука.

„Она што е рељеф на Криволак, тоа што сега го правиме таму, дава за право да биде еден од подобрите во југоисточна Европа, а можеби и пошироко. Нема подобар полигон, доколку сакате да подготвувате војска за Авганистан, Ирак, Блискиот Исток.“

Македонија сега учествува во мисиите во Авганистан и во мисијата на Балканот АЛТЕА, а има искуство и со испраќање војници во Ирак и во Либан.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG