Достапни линкови

Палестинците се судрија со полицијата во источен Ерусалим


Десетици палестинци се судрија со полицијата во источен Ерусалим поради зголемените тензии околу изградбата нови домови и обнова на синагогата за израелците. Во претежно арапскиот дел од градот се распоредени 3 илјади полицајци. Во меѓувреме американскиот пратеник за Блискиот исток Џорџ Мичел ја одложи посетата на регионот поради дипломатската криза со Израел, која избувна поради израелската намера да гради во Источен Ерусалим, кој Палестинците го сакаат за главен град на нивната идна држава. Вашингтон побара од Израел да покаже посветеност на американското медијаторство за мировни разговори со палестинците.
XS
SM
MD
LG