Достапни линкови

Мичел ја одложи посетата поради дипломатската криза со Израел


Американскиот пратеник за Блискиот исток Џорџ Мичел ја одложи посетата на регионот поради дипломатската криза со Израел. Кризата избувна минатата недела за време на посетата на Потпретседателот Џо Бајден, кога Израел најави дека ќе изгради 1.600 станови за Евреите во Источен Ерусалим, кој Палестинците сакаат да биде главен град на нивната идна држава.Вашингтон побара од Израел да покаже посветеност на американското медијаторство за индиректни мировни разговори со палестинците.
XS
SM
MD
LG