Достапни линкови

САД чекаат одговор од Израел за градбите во Источен Ерусалим


Соединетите држави соопштија дека се уште чекаат на формален одговор од Израел за изразената загриженост на Вашингтон поради намерата на еврејската држава да гради нови домови за израелците во Источен Ерусалим. Стејт Департментот соопшти дека од Израел има специјално барање за проектот како и дека е побарано да покаже посветеност на американското медијаторство за индиректни мировни разговори со палестинците.
XS
SM
MD
LG