Достапни линкови

Висока делегација на НАТО од Неапол во Македонија


Во дводневна официјална посета на Република Македонија ќе претстојува висока делегација на Здружената команда на НАТО во Неапол, предводена од Командантот, адмирал Марк Фицџералд. Адмирал Фицџералд за време на посетата ќе се сретне со министерот за одбрана Зоран Коњановски и со началникот на ГШ Мирослав Стојановски. Предвидена и е и средба со премиерот Никола Груевски. Тема на средбите, како што е најавено, ќе биде придонесот на АРМ во мисијата ИСАФ во Авганистан, реформите во одбраната, како и напредокот на АРМ во примената на Концептот за оперативни способности на НАТО.
XS
SM
MD
LG