Достапни линкови

Европските земји и нудат финансиска помош на Грција


Министрите за финансии на земјите членки на евро-зоната синоќа на состанокот во Брисел се согласија да и понудат финансиска помош на Грција, најверојатно во облик на заеми, но не изнесоа повеќе детали. Премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер рече дека Грција не побарала помош, но додаде и дека тие би можеле, ако тоа го побара Атина, „многу брзо да и упатат помош“. За големината и видот на финансиската помош за Грција, Министрите ќе одлучуваат на 25 и 26 март на состанокот на лидерите на Унијата.
XS
SM
MD
LG