Достапни линкови

Забранета најголемата прореформска партија во Иран


Владата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад соопшти дека ја забранила најголемата иранска прореформска партија Фронт за учество во исламски Иран. Заменик- министерот за надворешни работи Солат Мортазави наведе дека судот на оваа партија и ги одзел овластувањата за спроведување политички активности. Од партијата негираа дека постои таква судска пресуда, но сепак го откажаа годишното собрание закажано за 11-ти март.
XS
SM
MD
LG