Достапни линкови

Потребно подобрување на животната средина


Фабрички оџаци ја загадуваат животната средина
Фабрички оџаци ја загадуваат животната средина

Според домашните експерти, потребно е поголемо вложување во унапредувањето на животната средина. И во извештајот на ЕК за Македонија напредокот во таа област беше оценет како умерен. Потребно е зајакнување на административниот капацитет и поголем буџет, посочуваат експертите.

Унапредувањето на животната средина се движи споро, велат експертите. Според нив, показател за таквата состојба на животната средина во земјава е и последниот извештај на Европската комисија која го оцени напредокот во таа област како умерен. Мал напредок според извештајот е постигнат во квалитетот на водата, заштита на природата, контрола на индустриското производство и хемикалиите. Најголемиот проблем е административниот капацитет, кој во тој сектор е слаб и на локално и на национално ниво, вели претседателот на Македонскиот зелен центар, Методија Саздов.
Главниот проблем во извештајот е дека без човечки ресурси и без финансии неможе да очекуваме голем напредок, значи тоа е еден голем заклучок што произлезе од целиот извештај


„Главно и клучно е недостаток на капацитети, слаби административни капацитети. Главниот проблем во извештајот е дека без човечки ресурси и без финансии н еможе да очекуваме голем напредок. Значи тоа е еден голем заклучок што произлезе од целиот извештај.“

И Биљана Станоевска од Центарот за климатски промени смета дека треба да се зајакне администрацијата, која работи во секторите посветени на унапредување на животната средина.

„Значи потребно е да се зајакнат локалните капацитети, вработените во единиците на локалната самоуправа, и притоа не само нивните туку и капацитетите на службениците во министерствата, при што се прават повеќе обуки кои што ќе придонесат до зајакнување на вработените во министерствата.“
Резултат за тоа сметаме дека е малиот буџет што се издвојува за Министерството за животна средина и просторно планирање

Саздов вели дека политичарите не разговараат и не се занимаваат со животната средина, бидејќи не сакаат да издвојат пари за тој сектор.

„Она што е најважно и можеби најмалку беше дебатирано е дел од животната средината, сметам дека тоа најмногу има влијание поради политички причини со оглед на тоа што за политичарите животната средина чини најмногу, а најмалку е видлива.“

Станоевска вели дека резултатот во извештајот е таков, бидејќи владата дава малку пари за животната средина.

„Резултат за тоа сметаме дека е малиот буџет што се издвојува за Министерството за животна средина и просторно планирање, при што сметаме дека се потребни поголеми инвестиции во животната средина, како што се градење на пречистителни станици за води, мониторинг во животната средина, посебно во делот на водите, воздухот и бучавата.“

Според извештајот постигнат е добар напредок само во хоризонталното законодавство.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG