Достапни линкови

Нетанјаху:Eврејскатa населбата ќе се гради во Источен Ерусалим


Израелскиот премиер Бенјамин Нетајнаху изјави денеска дека изградбата на еврејската населбa во Источен Ерусалим сепак ќе продолжи. Нетанјаху додаде дека изградбата на населбата таму била планирана уште пред 42 години. Тој истакна дека без разлика каков мировен договор ќе се донесе тој дел од Ерусалим ќе остане дел од Израел. Главниот политички советник на американскиот претседател Барак Обама, Дејвид Акселрод ги опиша плановите на израелската влада да изгради 1600 живеалишта во еврејскиот дел од Источен Ерусалим како „деструктувни“ за мировниот процес на Блискиот Исток.Тој оцени дека одлуката на Израел е навреда за САД.
XS
SM
MD
LG