Достапни линкови

Демонстранти во Бишкек бараат да не се блокираат независните медиуми


Околу 250 опозициски политичари и активисти денеска во Бишкек, протестирале пред канеларијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Демонстрантите протестирале против владините напори да го блокира емитувањето програма на медиумите што се спонзорирани од Соединетите Американски Држави. Тие велат дека владата се обидува да го замолчи киргистанскиот сервис на Радио Слободна Европа. Локалните радиа што ја емитуваат програмата на Радио Слободна Европа велат дека мора да престанат со емитување поради притисоци од власта. Демонстрантите бараат власта да прекине да ги блокира независните интернет новински агенции.
XS
SM
MD
LG