Достапни линкови

Меркел: Време е за нови санкции врз Техеран


Германската Канцеларка Ангела Меркел денеска по средбата со либанскиот премиер Саад Харири изјави дека се наближува времето кога треба да се спроведат нови санкции врз Иран поради спорната нуклерана програма..Ваквиот коментар следува по вчерашната изјава на францускиот министер за надворешни работи, Бернад Кушнер дека ЕУ е подготвена да наметне санкции додека Западните земји се обидуваат да постигнат консензус во Обединетите Нации по ова прашање.
XS
SM
MD
LG