Достапни линкови

Филе: Турција да ги сподели царинските бенефиции со Кипар


Турција треба да ги отвори аеродромите и пристаништето за Кипар според договорот за царински бенефиции што го има со Европската Унија. Ова денеска во Анкара го изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе по средбата со министерот за надворешни работи Ахмет Давитоглу. Филе побара од Анкара да вложи повеќе напори за постигнување мир со Ерменците.Давитоглу на заедничката прес конференција изјави дека политичките проблеми кои не се во дирекна врска со процесот на пристапување во Унијата не треба да влијаат на преговорите.
XS
SM
MD
LG