Достапни линкови

Отворена македонска амбасада во Приштина


Економијата и енергетиката се заеднички приоритети на Македонија и на Косово и со нив ќе испратиме конкретни сигнали дека заедничката соработка е најдобар пат за стабилен и регионален напредок. Ова го изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по отварањето на македонската амбасада денеска во Приштина. Тој додаде дека билатерлната соработка ќе придонесе за повеќе стабилност, мир и поголем економски развој во регионот на Западниот Балкан. Косовкиот министер за надворешни работи Скендер Хисени побарал интензивирање на соработката во сите области.
XS
SM
MD
LG