Достапни линкови

logo-print

Русија го осуди лажниот грузиски извештај


Русија денеска го прогласи за „неодговорен и неморален чин“ грузискиот лажен телевизиски извештај за руска инвазија за кој сметаат дека е резултат на „политичка параноја“. Потпаролот на руското министерство за надворешни работи, Андреј Нестеренко изјави дека лажниот извештај ги зголемува тензиите на Кавказот. Тој додаде дека претседателот Михаил Сакашвили одобрил да се објави скандалозното видео.На грузиската ТВ станица Имеди беше објавено дека руски тенкови се движат кон главниот град и дека актуелниот претседател Михаил Сакашвили е убиен.
XS
SM
MD
LG