Достапни линкови

На регионалните избори во Русија, победа на Обединета Русија, но не убедливо


Делумните резултати од вчерашните регионални избори во Русија покажуваат дека партијата на премиерот Владимир Путин останува на водечка позиција, но разликата во однос на другите зе намалува. Обединета Русија ќе ја има контролата во сите 8 регионални парламенти, но нејзината подршка е значително помала во 7 од нив, во споредба со 2007-ма година. Во сибирскиот град Иркутск, победи кандидатот за градоначалник од Комунистичката Партија. Послабите резултати на партијата Обединета Русија се последица на револтот од порастот на цените и невработеноста. Опозицијата обвини и за многу изборни нерегуларности.
XS
SM
MD
LG