Достапни линкови

logo-print

Нема оставки за лажниот ТВ извештај во Грузија


Раководството на грузијската приватна телевизија, која предизвика паника со лажниот извештај за руска инвазија врз Грузија, соопшти дека нема да поднесе оставка. Георги Арвеладѕе, директор на телевизијата и сојузник на претседателот Михаил Саакашвили, се извини за извештајот, но додаде дека целта била не да се предизвика паника, туку да се покаже како би моежле да се одвиваат настаните. Грузиската опозиција ја обвини владата за манипулација со медиумите со цел да ги оцрни нејзините критичари. Американскиот амбасадор во Тбилиси, Џон Бас изјави дека лажниот извештај бил неодговорен и не помага во справувањето со проблемите на Грузија и со нејзините вистински безбедносни закани.
XS
SM
MD
LG