Достапни линкови

Лустрацијата чека на Уставниот суд


Уставен суд

Уставен суд

Дел од законот за лустрација се наоѓа пред Уставниот суд. Во меѓувреме Комисијата за лустрација не презема никакви дејствија. За дел од јавноста постапката се води кампањски. Експертите велат дека не е така, но останува фактот дека и по една година од законот не е откриен ниту еден соработник на тајните служби во Македонија

Во овој момент дел од Законот за лустрација се наоѓа на промислување пред Уставниот суд откако пред извесно време донесе решение за сопирање на извршување на три спорни членови. Собранието веќе има доставено одговор на решението на Уставниот суд кој побара оваа институција, како донесувач на законот, дополнително да се изјасни околу тоа што се смета како спорно. Очекувањето е дека Уставниот суд на една од наредните седници ке го постави прашањето повторно и ќе донесе конечна одлука. Комисијата за верификација на факти моментално не гледа досиеја, изјави Јанакие Витановски од Комисијата за лустрација:
Во точката три од решението се запира секое извршување на поединечните акти од страна на Комисијата. Ние немаме право да преземаме никакви дејствија во однос на проверка на досиеата

„Во точката три од решението се запира секое извршување на поединечните акти од страна на Комисијата. Ние немаме право да преземаме никакви дејствија во однос на проверка на досиеата.“

Витановски нагласи дека во меѓувреме Комисијата ги собрала сите изјави од правосудние орагни за кои имаат одлука, но бидејќи чекаат конечна одлука не преземаат никави дествија. Собранието за да одговори на Уставниот суд направи работна група која достави стручно мислење кое како такво е испратено до Уставниот суд. Проблемите беа во делот на терминот од кога да почне да важи важи лустрацијата. Тоа е главно прашање. Другото поважно прашање беше околу протегањето на кругот на јавни функции на кој ке се однесува законскиот дополнителен критеруим. Станува збор за две многу значајани прашања кои треба да се доведата во врска со суштината на самиот закон, велат експетрите кои не го делат впечатокот кој се создава во дел од јавноста, дека постапката околу лустрацијата се води каппањски. Сепак Стојан Андов, кој е еден од предлагачите на законот, вели дека времените мерки не може да бидат причина Комисијата да не работи:

„Одговорот е во Уставниот суд, очекуваме на почетокот од април и тоа да дојде, но сето тоа ќе одземе повеќе од два месеци, требаше нешто да работат. Има работи кои не се запрени од Уставниот суд.“
Одговорот е во Уставниот суд, очекуваме на почетокот од април и тоа да дојде, но сето тоа ќе одземе повеќе од два месеци, требаше нешто да работат


Институциите имаат своја логика на фукцинирање и тогаш кога исфрлаат како резултат од својата работа, јавноста има интерес за оваа проблематика, вели Професорот Ило Трајковски кој забележува дека доколку јавноста би имала автохтон интерес, тој закон би го донеле многу порано:

„Таа квалификација дека станува збор за кампањска, не би ја анализирал така, туку едноставно затоа што јавноста нема посебен интерес, освен оној тесен круг кој што од поодамна го заговараат тоа како решение и ете конечно успеаа да го внесат во институциите и тоа да се реализира.“

Македонија го донесе Законот за лустрација меѓу последните земји односно многу подоцна од земјите како Чешка и Естонија кои покажаа интерес за ова во првите периоди од осамостојувањето. Лустрацијата се спроведува веќе една година. Досега не беше откриен ниту соработник на службите меѓу функционерите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG