Достапни линкови

Санкции против Иран


Дејвид Милибанд на прес конференција во Шангај

Дејвид Милибанд на прес конференција во Шангај

Британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Милибанд пристигна во Кина. Тој со кинеските лидери се очекува да се допре на можноста за поостри санкции против Иран поради нуклеарната програма на Техеран.

За време на денешниот престој во Шангај, шефот на британската дипломатија Дејвид Милибанд изјави дека на Британија и Кина им е заедничка целта: Иран да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации, кои се воспоставени поради нуклеарните активности на Техеран и чија намера е Иран да ја запре контроверзната програма.

„Велика Британија и Кина се согласни околу тоа дека Иран треба да го почитуваа Договорот за неширење на оружјето и да не поседува нуклеарно оружје. Ние, исто така, се согласуваме за средствата со кои треба да се постигне тоа. Тоа е комбинација на ангажман и притисок. Меѓутоа нашиот ангажманот е на маса со Иран некое време, и тие тоа го одбиваат.“

Право на вето

Кина е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации со право на вето и се смета за сојузник на иранскиот раководство. Кина досега одбиваше да се согласи на поостри санкции против Исламската република Иран која не ги запре нуклеарните активности, кои пак би можеле да бидат пренасочени кон развој на атомско оружје.
Три од петте други постојани членови на Советот за безбедност на Светската организација, Велика Британија, Франција и Соединетите Американски Држави ја подржаа можната четвртата рунда санкции против Техеран, додека петата членка, Русија, соопшти дека е подготвена да ги разгледа новите казнени мерки.

Иран, пак, од своја страна негира дека има намера да направи нуклеарно оружје и тврди оти неговата атомска програма е во функција на цивилни енергетски потреби.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG