Достапни линкови

Милошоски во посета на Косово


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Косово на покана од неговиот косовски колега Скендер Хисени.
Покрај средбата со својот домаќин, шефот на македонската дипломатија ќе биде примен од претседателот на Косово Фатмир Сејдиу и од претседателот на косовскиот Парламент Јакуп Красниќи. Милошоски ќе има и обраќање пред членовите на парламентарната Комисија за надворешна политика. Во рамки на посетата, предвидено е свечено отворање на новите простории на Амбасадата на Македонија во Приштина, како и средба на Милошоски со претставници на македонско-горанската заедница во Косово
XS
SM
MD
LG