Достапни линкови

Повредата го одалечува Бекам од четврти Мундијал


Се чини дека вчерашната повреда стави крај на надежите дека англиската фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам ќе заигра на Светското првенство во Јужна Африка, што ќе се одржи летово. Бекам, на вчерашниот натпревар против Киево, кој неговиот Милан го доби со 1:0 ја поврдеи ахиловата тетива. Спортските аналитичари велат дека заздравување од таква повреда може да трае до три месеци. Мундијалот почнува на 11 јуни. Бекам се надеваше дека ќе биде првиот Англичанец што играл на четири светски првенства.
XS
SM
MD
LG