Достапни линкови

ЕУ е подготвена да спроведе нови санкции врз Иран


Европската Унија е подготвена, во случај да не се постигне согласност во Обединетите Нации, да споведе додатни санкции спрема Иран. Ова го изјави шефот на француската дипломатија, Бернард Кушнер денеска по неофицијалниот сосотанок на европски министри во Финска.Кушнер додаде дека санкциите треба ги погодат економијата, банките и визниот режим за определена група луѓе во Иран. Италијанскиот министер за надворешни работи, Франко Фратини изјави дека Соединетите Американски Држави до крајот март треба да предложат резолуција за санкции во Обединетите Нации.Тој додаде дека потоа ќе бидат потребни неколку месеци таа резолуција да се усвои.Кина се уште се противи за новите санкции за Техеран.



XS
SM
MD
LG