Достапни линкови

Нетанјаху бара истрага за еврејската населба


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наредил да се спроведе истрага зошто владини претставници го објавиле планот за изградба на 1600 куќи за еврејски доселеници во Источен Ерусалим, за време на посетата на американскиот потпретседател Џо Бајден. Од кабинетот на премиерот соопштија дека наредбата за истрагата следувала по вонредниот состанок на премиерот со клучните министри во Израел. Израел е под голема меѓународна осуда поради одобрувањето на планот за изградба на нова еврејска населба во источен Ерусалим.

XS
SM
MD
LG