Достапни линкови

Грузиска ТВ станица лажно извести за руска инвазија врз Грузија


Грузиската опозициска партија го осуди лажниот извештај за руска инвазија врз Грузија , што синоќа го објави една телевизија. Службите за итни случаи вечерта по емитувањето на програмата регистрирале голем пораст на срцеви напади. Лидерката на опозицијата, Нино Бурџанаџе најави тужба за телевизијата која предизвика паника меѓу Грузиците со лажната вест.Телевизијата емитувала стари снимки од војната пред две години кои биле прикажани како нови. ТВ станицата објавила дека руски тенкови се движат кон главниот град и дека актуелниот претседател Михаил Сакашвили е убиен. Пред емитување на прилог било накратко најавено дека станува збор за симулација, но во самиот новинарски извештај не било појаснето дека станува збор за лажен извештај.
XS
SM
MD
LG