Достапни линкови

Разговори за новата стратегија на Светската Банка за македонски проекти


Македонската владата и Светска банка имаат усогласени ставови за приоритетите на новата тригодишна стратегија за соработка, која ќе вклучува проекти со кои ќе се поддржат реформите за евроинтеграцијата, од областа на енергетиката и заштитата на животната средина. Ова го изјавија вицепремиерот Зоран Ставрески и потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија,Филип Лури по денешната средба во Скопје. Колку пари ќе одвои Светската Банка за проекти во Македонија ќе се утврди дополнително во текот на пролетните средби на Светската Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд изјави Ставрески.
XS
SM
MD
LG