Достапни линкови

Карзаи дозволи странци да ги набљудуваат престојните избори


Авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи дозволи странски набљудувачи да учествуваат во Комисијата за мониторинг на престојните парламентарни избори. Неговиот потпарол, Вахид Омар изјави дека ваквата одлука е донесена поради „транзициската фаза на демократија“ во која се наоѓа сега земјата. Тој истакна дека сепак контролата ќе ја имаат авганистанските набљудувачи. Новинските агенции известуваат дека овој потегот доаѓа во услови на притисоци од меѓународните институции за да се да се избегне повторување на измама како онаа на минатогодишните претседателски избори.
XS
SM
MD
LG