Достапни линкови

logo-print

Стратфор: Балканот е на работ на економска бура


Грчката финансиска криза и строгите мерки потребни за излез од неа можат да создадат проблеми на Балканот. Ова се наведува во анализата на американската агенција Стратфор во која се додава дека владините мерки ќе придонесат за опаѓање на профитабилноста на грчките банки кои пак, имаат големо присуство во другите земји на Балканот. Банките се под голем притисок што ги отежнува нивните активности и инвестиции во Бугарија, Романија и Србија. Четирите најголеми грчки банки: Евробанк, Националната банка на Грција, и банките Пиреа и Алфа, заедно се сопственици на 30 проценти од банкарскиот сектор во Бугарија, 16 насто во Србија и околу 10 насто во Романија, наведува Стратфор.
XS
SM
MD
LG