Достапни линкови

logo-print

ЕК без договор за помош на Грција


Европската комисија соопшти денеска дека земјите од евро зоната немаат постигнато договор за финансиска поддршка на Грција. Портпаролот на Комисијата Џонатан Тод изјави во Брисел дека Комисијата е подготвена да дејствува, но оти се уште не била завршена техничката работа за тоа. Неговата забелешка дојде откако се зголемија шпекулациите во печатот дека членките на еврозоната се согласиле на координирана билатерлна финансиска поддршка доколку Грција го побара тоа од нив.
XS
SM
MD
LG