Достапни линкови

Во Дагестан, убиени четворица милитанти


Руските безбедносни сили денеска во Дагестан убиле четворица милитанти, јави агенцијата Интерфакс. Милитантите, како што се наведува, биле ликвидирани поради тоа што им пружале отпор на безбедносите сили при нивното апсење. Исто така се прецизира дека тројца од убиените биле познати како членови на една локална милитантна група која планирала терористички напади. Во Дагестан и во некои други региони на рускиот северен Кавказ во последните неколку месеци зачестија борбите меѓу исламистичките милитанти и безбедносните сили.
XS
SM
MD
LG