Достапни линкови

Србија: приведени 9 лица за воени злосторства


Српската полиција синоќа привела девет луѓе под сомневање дека извршиле воено злосторства на Косово, во местото Чушка кај Пеќ каде што во мај 1999 година биле убиени 200 цивили. Акцијата била изведена по налог на Обвинителството за воени злосторства, а како што јавуваат некои српски медиуми, станува збор за припадници на паравоената формација Чакали, на територијалната одбрана и на резервниот состав на полицијата. Српскиот обвинител за воени злосторства Бруно Векариќ изјави дека повеќето од осомничените за овој случај живеаат надвор од Србија.
XS
SM
MD
LG