Достапни линкови

Совет на Европа: Грција да го признае македонското малцинство


Постојаниот комитет на Советот на Европа, кој денеска заседаваше во Париз, усвои Резолуција за заштита на малцинските права во Европа во која од Грција се бара да ја ратификува Повелбата за заштита на националните малцинства, да го признае македонското малцинство, да работи на враќање на политички прогонетите и на нивните имоти, да им даде права и на тие што не се Грци по род. Во целиот извештај се користи терминот „macedonian“ без додавки. Исто така во Резолуцијата од властите во Атина повторно се бара да постапи според одлуките на Судот за човекови права во Стразбур кои се однесуваат на македонското и на турското малцинство во Грција.
XS
SM
MD
LG