Достапни линкови

Договорите со Бугарија да не создаваат дополнителни контроверзи


,,Нацрт договорот предложен од Бугарија за унапредување на добрососедските односи се анализира во Министерство за надворешни работи и во други институции, а потоа ќе излеземе со одреден став.,, Ова денеска во Скопје го изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски. Ваквите договори, според него, треба да донесат корист за двете страни и да не создаваат дополнителни контроверзи во јавноста во Македонија и во Бугарија.
XS
SM
MD
LG