Достапни линкови

Русија со критики до НАТО за дрогата во Авганистан


Претставникот на Русија во НАТО Дмитри Рогозин упати остри критики затоа што НАТО престана да се бори против трговијата со дрога во Авганистан. Според него, со тоа се зголемила трговијата со хероин што пак, ја загрозува националната безбедност на Русија. ,,Во Русија годишно умираат околу 30 илјади луѓе поради авганистанската трговија со дрога,, изјави Рогозин, наведувајќи дека станува збор за своевидна необјавена војна против Русија. Портпаролот на НАТО Џејмс Апатурај изрази разбирање за руската загриженост, но наведе дека за решавање на проблемот пресудно е да се поразат талибанците. Во Авганистан се произведуваат 90 насто од хероинот во светот.
XS
SM
MD
LG