Достапни линкови

logo-print

МНР- Граѓански процес да не доведе до меѓудржавен спор


Амбасадорот на Република Македонија во Бугарија Александар Василевски денеска е повикан во бугарското Министерство за надворешни работи, каде што му бил искажан протест поради вчерашната одлука на Судот во Гевгелија во врска со случајот на Спаска Митрова. Судот во Гевгелија вчера на гевгеличанката со бугарски пасош Спаска Митрова и го одзеде старателството врз тригодишната ќерка Сузана, и му го даде на нејзиниот поранешен сопруг Воислав Савиќ. Во реакцијата, Софија со загриженост констатира оти судската постапка не била транспарентна и била спроведена во услови на силна негативна општествена атмосфера. Македонското Министерството за надворешни работи во врска со денешниот протест на бугарските власти, цени дека еден граѓански судски процес меѓу двајца родители, не треба да прерасне во спор помеѓу две држави и нивните дипломатии.
XS
SM
MD
LG