Достапни линкови

БиХ бара Британија да се извини за апсењето на Ејуп Ганиќ


Босна и Херцеговина бара од британските власти извинување за апсењето на поранешниот претседател Ејуп Ганиќ и за неговиот третман додека се наоѓаше во притвор, изјави синоќа во Лондон актуелниот претседател на колективното претседателство на земјата Харис Силајџик, по средбата што тој ја имаше во Форин Офисот со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд, јави дописникот на МИА.Претставник на Форин офисот рече дека бртанскиот министер го известил претседателот на БиХ дека случајот околу апсењето на Ганик е „судска работа“ и дека е прифтено да се испитаат приговорите околу третманот на поранешниот функционер. Ејуп Ганиќ беше уапсен на 1 март, на аеродромот Хитроу во Лондон, каде беше дојден да одржи предавање. Беше уапсен според меѓународната потерница на српското Министерство за правда, издадена пред четири месеци, според која Ганиќ е обвинет за „воени злосторства“, извршени во текот на војната во БиХ.
XS
SM
MD
LG