Достапни линкови

logo-print

Не помина интерпелацијата за Ставрески


Собранието на РМ не ја прифати интерпелацијата за работата на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, што за „лошите економски состојби во државата“ ја поднесоа пратениците на ЛДП и Нова алтернатива. По 11- часовна расправа во рамките на 97-та седница, синоќа 13 пратеници гласаа за отповикување на Ставрески од функцијата, а 62-јца беа против интерпелацијата. Собранието денеска ќе продолжи со работа по 97-та седница. По завршувањето на 97-та, продолжуваат со 95-та седница, а по нејзиното завршување со 93-та собраниска седница.
XS
SM
MD
LG